Top Sport

Фалкао во Истанбул пречекан од 25.000 навивачи (Видео)

Радамел Фалкао една година како позајмен играч од Монако ќе игра во Гакатасарај. Во Истанбул тој е дочекан како спасител.

Колумбиецот по доаѓањето во Истанбул, на аеродромот „Ататурк“ бил пречекан од 25.000 навивачи, кои со песни, знамиња и запалени факели му посакале добредојде на новиот напаѓач.

Фалкао треба да ја подобри ефикасноста на Галатасарај. Турските шампиони имаат проблем од почетокот на сезоната, поради неефикасноста имаат само пет бода во првите три кола.

Scroll to Top