Top Sport

Ѓоковиќ го предаде осмина-финалето на Ју-Ес опен

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Ју-Ес опен во осмина-финалето. Бранителот на трофејот, поради повреда на левото рамо, му го предаде мечот на почетокот на третиот сет на Стен Вавринка.

Ѓоковиќ го предаде мечот при водство на Вавринка 4/6, 5/7 во сетови и по три одиграни гема во третиот сета, откако претходно побара и медицински тајм-аут.

Бидејќи го предаде мечот Србинот потоа беше исвиркан од публиката, а тој додека го напушташе теренот само иронично го крена палецот нагоре.

„Не почувствував дека сум навреден. Не обрнувам внимание на вакви работи. Ги почитувам другите и се надевам дека и тие ме почитуваат мене. Разбирам дека публиката сакаше да го види целиот меч…“, рекол Ѓоковиќ.

Вавринка во четврт-финалето за противник ќе го има рускиот тенисер Данил Медведев.

Scroll to Top