Црвена звезда и Лече го договориле трансферот на Филипо Фалко. Фудбалерот до крајот на денот официјално ќе стане играч на Црвена звезда.
Челниците на српскиот шампион излегоа како победници од тринеделните преговори со колегите од Лече. За трансферот на Фалко, Црвена звезда ќе издвои 1.000.000 евра, парите Лече ќе ги добие во три рати. Лече ќе добијат и бонус од 300.000 евра, доколку Црвена звезда избори пласман во Лигата на шампионите.
Фалко ќе потпише договор на две сезони, месечно ќе заработува 40.000 евра. Исто така му следува бонус од 300.000 до 500.000 евра доколку со клубот се пласира во Лигата на шампионите.
Фалко ќе биде вториот Италијанец во тимот на Црвена звезда, на почетокот на сезоната во Белград пристигна напаѓачот Диего Фалчинели.