Двајца навивачи на Рома биле уапсени во понеделникот навечер откако нападнале навивачи на Челси во близината на Колосеумот, објавија италијанските медиуми.
Италијанската новинска агенција „Анса“ тврди дека полицијата била повикана во еден локален паб пред уелот од Лигата на шампиони на „Олимпико“ денеска. Навивачите на Челси не биле сериозно повредени, а напаѓачите избегале кога пристигнала полицијата.
Првиот меч на „Стемфорд Бриџ“ заврши со трилер реми 3:3, откако Еден Азар спаси поен за
„Сè започна околу полноќ, пред затварањето на барот ‘Шамрок’. Ова е популарно место за навивачите бидејќи е ирски паб, и бидејќи има фудбалска тема. Навивачите на Рома носеа маски и палки и беа многу побројни од навивачите на Челси. Неколку минути беше хаос, но сите се разбегаа кога дојде полицијата. Само двајца беа фатени“, вели очевидец на случувањата за британскиот „Сан“.
Претходно, локалните власти во Рим најавија зголемено озбезбедување за мечот бидејќи се очекуваат околу 2.000 англиски навивачи.