Top Sport

„Вечниот град“ се подготвува за 2.000 англиски хулигани

Градските власти во италијанската престолнина Рим, најавија дека ќе има зголемена безбедност во среда, кога фудбалскиот клуб Рома го пречекува Челси во Лигата на шампионите, поради стравувања дека „2.000 хулигани“ ќе дојдат во „вечниот град“.

Италијанскиот печат тврди дека ќе бидат ангажирани 1.500 полицајци и 1.000 стјуарди околу стадионот „Олимпико“, а обезбедувањето ќе ги придружува навивачите до натпреварот од Пјацале дела Канестер во близината на Вила Боргезе.

Стравувањата за проблеми доаѓаат откако навивачите на Рома се судрија со полицијата во Рим пред две недели во меч кој заврши со 3:3.

Рим исто така ќе се подготви за околу 1.000 француски навивачи во четврток за дуелот од Лигата на Европа меѓу Ница и Лацио.

Хулиганизмот уште е голем проблем во Италија, посебно „ултрас“ групите. Чиро Еспосито, навивач на Наполи беше застрелан од хулигани на Рома пред финалето од Италијанскиот куп против Фиорентина во мај 2014 година. Даниеле де Сантис доби 16-годишна затворска казна за убиството.

Оваа година, пет полицајци беа повредени во обидот да спречат судири меѓу ултрасите на Рома и Наполи.

Scroll to Top