Top Sport

Фанови на Сити со фотографија на Грилиш го тролаа Стефан Савиќ

Двајца навивачи на Манчестер сити решија да го истролаат Стефан Савиќ со фотографија на Џек Грилиш откако добија посебна турнеја низ стадионот на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“.

Савиќ и Грилиш беа во центарот на контроверзите во двата четврт-финални мечеви од Лигата на шампионите. Прво, на мечот во Маанчестер, Црногорецот, заедно со Хрватот Шиме Врсаљко влегоа во напад на Грилиш, за ситуацијата да се „вжешти“ на реваншот во Мадрид, каде што Савиќ дури се обиде физички да се пресмета по крајот на мечот.

Навивачите, користејќи ја новата посета на Мадрид за реваншот со Реал Мадрид, оставија фотографија од Грилиш на местото на Савиќ во соблекувалната.

Хаос на „Ванда Метрополитано“ – Савиќ се обидел да го тепа Грилиш во тунелот!

Врсаљко, Савиќ и цел тим на Атлетико му се навртеа на Џек Грилиш

Scroll to Top