Top Sport

Фановите на Брентфорд со овации за Сака, поддршка за промашениот пенал на ЕП

Младиот 19-годишен фудбалер на Арсенал Букајо Сака при влегувањето во игра на синоќешниот меч кај Брентфорд во Премиерлигата доби овации од исполнетото гледалиште.

Сака доби голема поддршка од навивачите на противничката екипа поради промашениот пенал во финалето на ЕУРО2020 против Италија, по што тој беше мета на расистички напади.

Полицијата на Островот уапси 11 расисти кои упатиле навреди кон Џејдон Санчо, Букајо Сака и Маркус Рашфорд по промашените пенали на финалниот меч, но вистинските фудбалски фанови во Англија знаат да почитуваат.

Еве како изгледаше моментот кога Сака влезе во игра:

Scroll to Top