Top Sport

Фановите на Еспањол бесни на Педроза бидејќи го сменил дресот со Меси!

Дефанзивецот на Еспањол, Адриа Педроза го навлече бесот на своите навивачи на социјалните мрежи, откако направи неверојатен „престап“ – го смени дресот со Лионел Меси по 2:0 победата на Барселона во градското дерби во саботата.

Во слаб меч во саботата навечер, Меси го „спаси“ шоуто постигнувајќи два гола за да има вкупно 41 гола оваа сезона и 20-годишниот Педроза, кој во декември дебитираше во првиот тим на Еспањол побара од петкратниот освојувач на „Златната топка“ да му го даде дресот, и Меси немаше проблем со тоа.

На социјалните мрежи, навивачите на Еспањол го нарекуваа Педроза „јуда“, „предавник“ и „гомно“ и побараа тој да си замине од клубот. Престрого, нели?

Scroll to Top