Top Sport

ПМФЛ: Шкендија со „петарда“ за Победа, Вардар го доби Силекс

Актуелните шампиони Шкендија немаа проблеми со „фенерџијата“ Победа во 25. коло од Првата лига, победувајќи ги со 5:2 за да ја заддржат предноста од осум поени пред Вардар на врвот на табелата, откако во Скопје „црвено-црните“ со 1:0 го победија секогаш незгодниот Силекс.

Шкендија имаше одличен старт на мечот, откако во првите половина час постигна три гола преку Арменд Алими, Енур Тотре и Егзон Бејтулаи. Камерунецот Јаник Макота даде надеж на прилепчани дека можат да направат подвиг откако намали на 3:1, пред Марјан Радевски и Жуниор да ја потврдат победата на тетовци. Трајковски во финишот на мечот ги постави конечните 5:2.

Матеј Цветановски со гол во 55. минута донесе 1:0 победа за Вардар над Силекс, за да се осигура второто место пред Академија Пандев, кои во финишот со 2:1 ја победија Ренова. Работнички под нов тренер одигра само 1:1 на гости кај Македонија Ѓорче Петров, додека Беласица со 2:0 го шокираше Шкупи.

ПРВА ЛИГА, 25.КОЛО

Академија Пандев – Ренова 2:1

Беласица – Шкупи 2:0

Македонија Ѓорче Петров – Работнички 1:1

Шкендија – Победа 5:2

Вардар – Силекс 1:0

Табела: 1.Шкендија 56, 2.Вардар 48, 3. Академија Пандев 45, 4.Ренова 33, 5.Шкупи 33, 6.Работнички 32, 7.Македонија ЃП 30, 8.Силекс 24, 9.Беласица 22, 10.Победа 18.

Фото: ФК Шкендија

Scroll to Top