Навивачите на Ватфорд добија бесплатно пиво и храна на полувремето на гостувањето кај Лестер сити, откако потпретседателот на клубот, Ајават Шриваданапраба реши да им се заблагодари за пораките за поддршка за неговиот покоен татко.
На стадионот „Кинг Пауер“ се појави и огромен банер со порака: „Благодариме Вичаи за тоа што ни дозволи да сонуваме. Почивај во мир“, откако пред еден месец во трагична хеликоптерска несреќа загина сопственикот на Лестер, Вичаи и уште четири други луѓе.
Ова доаѓа откако навивачката група на Ватфорд, ВФЦ 1881 собра стотина фунти за банерот, а остатокот од парите го уплати во „Фокс фондацијата“ на Лестер. Во знак на благодарност, Ајават, попознат како Кун Топ, ги плати сите сметки на гостинските навивачи на „Кинг Пауер“.
За тие кои се сомневаат во моќта на фудбалот, и сметаат дека сѐ се врти околу парите, ова е добра порака.
Due to the overwhelming response to our fundraising for the victims of the helicopter tragedy at @LCFC, we will be donating the surplus money of £1,712 to the fox foundation, which helps people in need around the Leicester area, that Vichai supported. ?? #watfordfc @WatfordFC
— The1881Movement (@The1881_wfc) December 1, 2018