Top Sport

Јунајтед немаше сили за целосен кам-бек против Саутемптон (видео)

Манчестер јунајтед по само дваесет минути од гостувањето на „Сент Мерис“ во Саутемптон губеше со 2:0, пред да направи нецелосен кам-бек за 2:2 реми и нов слаб резултат во низа – трет меч без победа во Премиер лигата.

А можеше да биде и полошо!  Во 10-тата минута Стјуарт Армстронг ја искористи катастрофалната одбрана на „ѓаволите“ за да донесе водство за Саутемптон, за десет минути подоцна, Соареш да постигне прекрасен гол за шок за Жозе Мурињо на клупата.

Сепак, Јунајтед некако успеа да се врати. Ромелу Лукаку го постигна својот прв гол по 12 натпревари пауза во 33. минута, пред да дојде најубавиот потег на натпреварот – голот со пета на Андер Ерера во 39. минута, двапати на асистенција на Маркус Рашфорд. Ова беше прв гол на Ерера за Јунајтед од 2017 година!

Со поенот, Јунајтед останува на седмото место на табелата со 22 поени, веќе огромни 16 помалку од лидерот Манчестер сити, додека Саутемптон имаат само 9 поени и се на 18. место во зоната за испаѓање.

Scroll to Top