Top Sport

Фановите на Генк му порачаа на екскапитенот Позуело да го удри воз! (видео)

Последниот меч на капитенот на КРЦ Генк, Алехандро Позуело за белгискиот тим наместо да биде убаво збогување на навивачите со него, 27-годишниот играч од средниот ред доби посебна кореографија од ултрасите во која е претставено како го удира воз.

27-годишниот шпански фудбалер направи одлука порано да замине од Генк во американската МЛС-лига, односно во тимот на Торонто во моменти додека Генк е на првото место во белгиската лига, и навивачите беа лути.

Позуело, сепак, не играше против Зулте-Варегем, а навивачите не го заборавија. Кукла на надувување со неговиот дрес беше поставен на горниот дел од стадионот пред да биде „прегазен“ од картонски воз.

Управата на клубот бргу го забележа ова и стјуардите ја отстранија кореографијата, но снимките се појавија на социјалните мрежи. Ова не е прв ваков „црн“ момент кај белгиските навивачи – во 2015 година навивачите на Стандард Лиеж го обезглавија Стивен Дефур, откако тој реши да потпише со ривалите Андерлехт.

Scroll to Top