Top Sport

Зидан и Реал повторно во лов на Садио Мане

Реал Мадрид се подготвени повторно да „тргнат“ по напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане по враќањето на Зинедин Зидан на клупата на актуелниот европски шампион, тврдат француските медиуми.

Реал беше поврзуван со сенегалскиот напаѓач и минатата сезона, но Мане реши да остане на „Енфилд“, иако според „Л’Екип“ имал устен договор за трансфер во Мадрид пред Зидан да реши да замине од тренерската позиција.

26-годишниот Мане е во фантастична форма оваа сезона, откако е израмнет со Мохамед Салах со 17 гола во 2018/19, и е само на еден гол зад најдобриот стрелец во Премиер лигата, Серхио Агуеро од Манчестер сити, што е уште поимпресивно бидејќи Мане никогаш не изведува пенали.

Мане во ноември 2018 година потпиша нов договор со клубот од Ливерпул, кој трае до 2023 година, така што „Лос бланкос“ ќе треба добро да го искешираат за да го засилат тимот, кој веќе се сигурно ќе претрпи големи промени во текот на летото.

Scroll to Top