Top Sport

Фановите на Јунајтед лути поради цените на билетите во Севилја

Навивачите на Манчестер јунајтед ќе се жалат кај УЕФА поради цените на влезниците кои сакаат да им ги наплата во Севилја, кога двата тима ќе се сретнат во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Манчестер јунајтед потврди дека за дуелот кој во Севилја ќе се одигра на 21.февруари наредната година добиле 2.450 влезници и дека цената се движи од 89 до 133 фунти.

Овие билети се за 40 отсто поскапи од билетите кои ги платија навивачите на Ливерпул кога нивниот тим гостуваше на „Санчез Писхуан“ во рамките на групата фаза.

Минатата сезона навивачите на Лестер, кога нивниот тим играше во Севилја, влезниците во просек ги плаќале по 51 фунта.

„Рано е да зборуваме дека дека нешто ќе успееме да смениме, но во контакт сме со нашиот клуб и со европското Здружение на навивачи. Ќе се обидеме да лобираме и кај УЕФА, но и на руги места кај луѓе кои имаат влијание влезниците да имаат профатлива цена“, стои во соопштението кое е испратено од Здружението на навивачите на Манчестер јунајтед.

И покрај најавената жалба тешко е да се поверува дека навивачите ќе сменат нешто. Минатата година кога Севилја гостуваше во Лестер навивачите од Шпанија билетите ги плаќаа по цена од 68 до 153 фунти. Тогаш навивачите од Севилја се жалеа кај УЕФА, но нивната жалба не наиде н разбирање.

Scroll to Top