Top Sport

Тренерот на Звезда прв кандидат за селектор на Србија

Тренерот на Црвена звезда, Владан Милојевиќ, според шпекулациите во Србија е најсериозниот кандидат за преземање на националниот тим, кој наредното лето ќе игра на Светското првенство во Русија.

Србија остана без селектор неколку дена по успешно завршените квалификации за пласман на Мундијалот. Фудбалскиот сојуз и тогашниот селектор Славољуб Муслин се договорија за спогодбен раскин на договорот.

Србите во ноември одиграа две пријателски средби во Азија, а репрезентацијата на натпреварите против Кина и Јужна Кореја ја предводеше асистентот на Муслин, Младен Крстајиќ.

Овој млад стручњак е еден од оние кои се кандидати за преземање на функцијата. Покрај Крстајиќ кандидати беа и Драган Стојкович-Пикси, Ивица Јовановиќ, Славиша Јокановиќ, Синиша Михајловиќ, Александар Стојановиќ, но сите тие имаат обврски кон своите клубови.

Милојевиќ, според шпакулациите, е главен кандидат на претседателот на Сојуот, Славиша Кокеза. Овој млад тренер, летово ја презеде Црвена звезда и со клубот оставри брилијнтни резултати, прв е на полу-сезоната во Супер лигата, а по пауза од 25 години со „црвено-белите“ обезбеди и европска пролет.

Scroll to Top