Top Sport

Фановите на Јунајтед шокирани: Фред знаел да асистира!

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Фред, можеби незаслужено, има репутација дека е „најлошиот бразилски фудбалер“ во Премиерлигата, откако тој беше на мета на многу критики за својот стил и грешките кои ги прави на теренот, како таа при израмнувањето на 1:1 на Евертон кога ја загуби топката на средината на теренот.

Но, поранешниот фудбалер на Шахтјор Доњецк, во бразилската репрезентација е стандарден и при 4:1 победата над Уругвај во петокот, кога играше понапред со Фабињо зад него, имаше совршено додавање до Нејмар за гол.

Навивачите на Јунајтед се во шок!

Scroll to Top