Top Sport

Фановите на Легија и војнатата со УЕФА, сега со ребус-кореографија

Навивачите на полска Легија ја продолжуваат нивната војна со УЕФА и секоја сезона наоѓаат ново креативно решение.

Нивната војна со УЕФА трае од 2014 година кога во квалификациите за ЛШ со вкупни 6-1 беа подобри од шкотски Селтик, но европската куќа на фудбалот ги дисквалификуваше затоа што во последните 4 минути во игра влегол Бартош Березински кој издржувал суспензија поради црвен картон од претходната сезона.

Тогаш кореографијата беше следната:


Синоќа Легија се избори за пласман во групна фаза во ЛЕ по двомечот со Славија Прага, а на трибините осамна ребусна кореогафија.

Жолта патка на трибините покрај грбот на УЕФА и на неа пишува „D-F“.

Патка на англиски е „Duck“, ако првата буква се замени со „F“ јасна е пораката испратена до УЕФА.

Scroll to Top