Top Sport

Фановите на Левски со навредливи слогани за македонскиот празник Илинден

Навивачите на Левски имаа навредливи пароли за македонскиот народ и најголемиот празник Илинден, и скандираа на натпреварот против Шкупи од второто квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Навивачите на Левски постојано пееја дека „Илинден за Бугарите е Велигден“.

Имаше и други транспаренти на трибината кај најверните фанови на клубот.

„Ако некој каже дека не сум Македонец ќе му го откинам јазикот, а ако каже дека не сум Бугарин ќе му ја откинам главата“, стоеше на еден од транспарентите.

Scroll to Top