Top Sport

Фановите на Лион со фантастична поддршка за Фекир (видео)

Ѕвездата на Олимпик Лион, Набил Фекир предизвика бура од реакции од навивачите на Сент Етјен овој месец кога провокативно го покажа неговиот дрес по постигнувањето на гол. Овојпат, цела трибина на навивачи на Лион застана зад него.

Фекир во стилот на Лионел Меси го соблече дресот и го покажа на навивачите на Сент Етјен, по што дел од фановите влегоа на теренот. За ова тој доби жолт картон и беше суспендиран на еден натпревар. 24-годишниот Фекир има одлична поддршка на своите фанови, кои му приредија шоу во 18. минута (поради бројот на неговиот дрес) при 0:0 ремито со Монтпелје во неделата.

Фекир има 11 гола во 11 натпревари во Лига 1 и со тоа го привлече вниманието на многу европски гиганти. Фановите на ОЛ решија да му порачаат дека треба да остане на „Парк ОЛ“.

Славеше во стилот на Меси, па спасуваше жива глава (Видео)

Барса го следи контроверзниот Фекир

Scroll to Top