Top Sport

Фановите на Милвол ја оправдаа хулиганската репутација (видео)

Милвол го победи Евертон со 3:2 за да се пласира во осминафиналето на ФА купот, но на улиците на Лондон имаше вистинска војна и пред мечот, секако предизвикана од озогласените навивачи на второлигашот.

Овојпат хулиганите на Милвол успеаја да ги „начекаат“ навивачите на гостите на излезот од метрото во Лондон во близината на стадионот и настана општа тепачка, која ја спречи полицијата на коњи.

Подоцна, група на навивачи на Евертон пристигна пред еден паб каде што беа домашните хулигани, но тука беше спречен поголем инцидент.

Scroll to Top