Фановите на Марсеј со посебен банер го критикуваа суспендираниот дефанзивец Патрис Евра пред дуелот со Каен во Лига 1.
Поранешниот бек на Манчестер јунајтед доби суспензија откако со кунг-фу удар погоди еден од навивачите пред натпреварот со португалска Виторија во Лигата на Европа, и фановите на ОМ вратија со повеќе пораки како „Евра оди си“, и „почитувај ги навивачите“ во недела.
Клубот го суспендираше поранешниот капитен на француската репрезентација Евра, кој пристигна во тимот во јануари од Јувентус. На фотографиите објавени од весникот од Марсеј, „Ла прованс“ стоеше: „Мислеше дека ја знаеш институцијата ОМ и нивните навивачи. Не те сакаме во нашите бои. Евра оди си“.
На друга фотографија, објавена од „ЛЕкип“, стоеше: „Сакај го дресот, почитувај ги навивачите. Професионализам, многу ли е да се бара?“.