Top Sport

Фановите на Подолски чекаа пет часа за донер! (галерија)

Поранешната ѕвезда на Арсенал и Баерн Минхен, Лукас Подолски го отвори својот кебаб-ресторан во Келн, пречекувајќи неверојатни 1.000 фанови во „Мангал донер“ ресторанот, од кои дел од навивачите чекаа по пет часа да го прослават отварањето.

Подолски го поседува ресторанот заедно со двајца ко-сопственици, но тој беше првата ѕвезда давајќи автограми, и дури сечејќи го сам месото.

Ова не е првпат Подолски, кој има 130 настапи за Германија, да влезе во фаст-фуд бизнисот. Лани тој отвори продавница за сладолед во Келн. Тој е сметан како локален херој во Келн, откако двапати настапуваше за тимот од градот. Подолски уште е активен, играјќи за Висел Кобе во Јапонија, но има повреда на бутниот мускул.

Scroll to Top