Top Sport

Алонсо: Ле Ман во 2018, Инди 500 во 2019, за НАСКАР немам време! (видео)

Ако сè оди според планот, Фернандо Алонсо може да ја комплетира неофицијалната „тројна круна“ во мотоспортот до мај 2019 година.

Возачот на Мекларен оваа недела се подготвуваше за настап на 24 часа Дејтона трката, која се оддржува од 27 до 28 јануари, и каде што треба да покаже дали е можно со својата Тојота да стигне до триумф на 24 часа Ле Ман оваа година.

Ле Ман е дел од славната тројна круна покрај победа на Монако ГП во Формула 1 (нешто што Алонсо го има остварено во 2006 и 2007), победа на Индијанаполис  500 (каде што лани имаше шанса за победа  пред да му откаже моторот на Хонда).

„Ова е прв чекор кон Ле Ман, но навистина уживам. По 24 часа Дејтона ќе имам јасен одговор до каде сум и каде ми е целта. Ако можам оваа година да победам на 24 часа Ле Ман, тогаш следната година повторно во план ќе биде Инди 500. Но, прво целта е да се научат овие автомобили“, вели Алонсо.

Сепак, тој поставува граница некаде – нема шанси за настап на НАСКАР трките, но само бидејќи нема доволно слобдени викенди.

„Секако, фокусот останува на Формула 1 и на третата светска титула, бидејќи верувам дека со моторите на Рено можеме да бидеме силни. Другите класични трки доаѓаат во предвид ако не се поклопуваат со Ф1 викендите. НАСКАР сепак, е серија на која ти е потребен уникатен стил на возење кој се добива со многу тренинг, и искрено немам доволно слободни викенди. Единствен чекор кон НАСКАР ќе биде гледањето на ТВ“, вели Алонсо.

Scroll to Top