Top Sport

Фановите на Реал лути: Зошто Меси не доби црвен картон? (видео)

На фановите во шпанската Ла лига е тешко да им се угоди. Неколку дена откако користењето на ВАР системот предизвика многу контроверзи при 2:1 победата на Реал Мадрид над Реал Сосиедад и многу фанови на Барса и медиуми блиски до каталонскиот клуб јавно зборуваа за предноста која ја добива Реал кај фановите, работата се сврти, и сега на мета е Лео Меси.

Во текот на вчерашниот дуел со Атлетик, Меси имаше груб старт над Јерај во 69. минута, кога го стапна со копачката директно на скочниот зглоб, но немаше реакција ниту од судијата Хесус Хил Манзано, ниту од ВАР системот.

Капитенот на Барса остана на теренот и неколку минути подоцна беше асистент при голот на Иван Ракитиќ за победа.

Дискусиите за судиите, ВАР и тоа кој добива „услуги“ во Ла лига сигурно ќе продолжат.

Scroll to Top