Фановите на Реал Мадрид дефинитивно не се задоволни по вториот пораз од Барселона за само три дена на „Сантијаго Бернабеу“, но дел од нив кои се собраа пред стадионот по крајот на мечот почнаа да го извикуваат името на Жозе Мурињо, покажувајќи дека дури и контроверзниот Португалец е подобар избор од Сантијаго Солари.
Сезоната не започна добро за Реал, откако тие го отпуштија поранешниот шпански селектор Хулен Лопетеги по само три месеци на чело на тимот, и Солари беше донесен како „принудна“ замена иако и тогаш името на Мурињо беше споменувано како кандидат за ова место.
Мурињо беше на клупата на Реал од 2010 до 2013 година, по што беше отпуштен и се врати во Челси.
And in case you thought I was kidding about Real Madrid fans chanting that they want Mourinho, here you go: #ElClasico pic.twitter.com/DZ05gCmRti
— Ives Galarcep (@SoccerByIves) March 2, 2019