Top Sport

Фановите на Селтик го пречекуваат Израел со „палестинска крв“

Пред денешниот меч помеѓу Шкотска и Израел во Лигата на нации на УЕФА, „Зелената бригада“, организираната група навивачи на Селтик реши да го обои влезот на националниот стадион „Хампден парк“ со црвена боја во знак на протест против Израелците и нивниот третман на Палестинците.

„Палестинската крв тече каде и да оди Израел“, пишува на влезот на стадионот.

Навивачите на Селтик се познати по својата политичка активност и неколку пати беа казнувани од УЕФА поради про-палестинските банери на нивните натпревари. Бидејќи вечерва на „Хампден“ нема да има навивачи, ова е доволен гест.

УЕФА го казнија Селтик за банерот со Мусолини на мечот со Лацио

Scroll to Top