Top Sport

Фановите нема да се среќни – Арсенал може да „тргне“ по Џеси Лингард?

Арсенал не ја отфрли можноста во текот на летото да го ангажираат Џеси Лингард од Манчестер јунајтед.

Разочарувачката кариера на Лингард како фудбалер на „ѓаволите“ најверојатно ќе заврши ова лето, откако фудбалерот кој помина низ академијата на Јунајтед ја загуби довербата на тренерот Оле Гунар Солскјер и зачудувачки според „Атлетик“, Арсенал би ја искористиле шансата да го добијат за ниска цена како замена за Дани Себајлос, чија позајмица од Реал Мадрид завршува на крајот на сезоната.

Лингард, од друга страна, има бурна историја со навивачите на Арсенал, откако во декември 2017 по 3:1 победата ги провоцираше фановите, кои од следната сезона можеби ќе навиваат за него.

Scroll to Top