Top Sport

15 години од најславната тепачка меѓу двајца соиграчи (видео)

Пред точно 15 години се случи една од најпознатите тепачки меѓу двајца соиграчи на меч од Премиер лигата.

На дуелот помеѓу Њукасл и Астон вила се случи необичната случка кога фудбалерите на Њукасл, Ли Бојер и Киерон Даер влегоа во доста „крвничка“ тепачка. По неколку боксови, тепачката иронично ја прекинаа фудбалерите на Астон вила, а двајцата добија црвен картон.

„Мислев дека Бојер се тепа со еден од нивните фудбалери, а дека Даер му помага. Не знаев што се случува додека не го видов на телевизија. Потоа на тренинг, Киерон му кажа на Ли: ’Боув удираш како п.чка’. Неверојатно“, изјави за инцидентот поранешниот дефанзивец на Њукасл, Стивен Тејлор.

Њукасл инаку го загуби тој меч со 0:3.

Scroll to Top