Top Sport

Фановите сметаат дека е судбина! Нант вчера постигна гол во 9. минута за Сала! (видео)

Нант вчера го совлада Тулуз со 2:0 во Францускиот куп, и според навивачите на „канаринците“ првиот гол беше вистинска судбина.

Калифа Кулибали постигна гол во 9. минута, и сите навивачи, вклучувајќи го и човекот кој го води официјалниот Твитер акаунт на Нант, веруваа дека духот на Емилијано Сала, нивниот поранешен број 9 бил присутен.

„Очигледно, постигнуваме гол во 9. минута. Очигледно“, пишуваше на Твитер.

Минатата недела во првиот меч по исчезнувањето на авионот на аргентинскиот фудбалер над Ла Манш по неговиот трансфер во Кардиф сити, играта беше прекината во деветтата минута. Дел од навивачите на Кардиф исто така отпатуваа во Нант и ја покажаа својата чест кон Аргентинецот.

Scroll to Top