Top Sport

Алисон примил 7 гола од 11 удари во 2019!

Со 13 натпревари без примен гол во Премиер лигата, голманот на Ливерпул, Алисон Бекер е еден од клучните фудбалери во тимот на Јирген Клоп, меѓутоа статистиката за 2019 треба да ги загрижи фановите на „црвените“.

Бразилецот во декември имаше одлична одбрана во 92. минута против Наполи за да осигура пласман во Лигата на шампионите, предизвикувајќи го Клоп да изјави: „Да знаев дека е толку добар, ќе платев двојно“.

Но, поранешниот голман на Рома, нема најдобар старт на годината. Статистиката вели дека голот од Мајкл Антонио на Вест хем е седмиот гол кој тој го примил во само 11 удари досега во 2019. Ова е најлоша статистика од сите 20 голмани кои имаат барем три настапи во Премиер лигата во 2019.

Фото: ЕПА

Scroll to Top