Top Sport

Фантастичниот гол на Луис Алберто вреден три поени за Лацио

Лацио се искачи на четвртото место на табелата во италијанската Серија А, откако иако пристојно се намачи, стигна до 1:0 победа над Сампдорија во меч од 24. коло.

Лацио се мачеше со отпорот на гостите на „Олимпико“ до 80. минута, кога Луис Алберто постигна фантастичен гол од далечина, кој на крајот се покажа како клучен.

„Бјанкочелестите“ сега се четврти на табелата со 45 поени, еден пред градскиот ривал Рома и само два зад второпласираниот Интер и третопласираниот Милан. Сампдорија останува на претпоследното место на табелата со 11 поени, дури 9 од безбедната зона.

Scroll to Top