Британката Фара Вилијамс „удри“ по својот стар тим, постигнувајќи два гола во 2:1 победата на Рединг над Арсенал во Женскиот суперлига куп (ВСЛЦ) во Англија.
Вилијамс постигна еден гол во првото полувреме, пред Бет Мид да израмни по еден час игра. Меѓутоа, веднаш по голот, Вилијамс направи еден неверојатен потег, постигнувајќи фасцинантен гол од центар. Еден од головите на годината, сигурно!