Top Sport

Фарфан е заразен со коронавирусот

Џеферсон Фарфан фудбалерот на Локомотив Москва е заразен со вирусот ковид-19. Ова е прв случај фудбалер од руската Премиелига да е заразен со опасниот вирус. Информацијата на медиумите им ја потврдил генералниот директор на Локомотива Анатолиј Мешчерјаков.

Перуанецот кој има 35 години се пожалил дека има сипмтоми на коронавирусот, а неговите сомнежи биле потврдени на тестот.

Во Русија од вирусот се заразени 272.000 лица. Во земјата од коронавирусот починале 2.500 луѓе.

Инаку Локомотив Москва од пред неколку дена има нов тренер, легендарниот Јури Сјомин го наследи Србинот Марко Николиќ.

Scroll to Top