Top Sport

ВАР се врати во голем стил (Видео)

По два месеци пауза се врати Бундеслигата, а со неа и ВАР технологијата. На стартот видео-асистентот „блесна“ на дуелот помеѓу Лајпциг и Фрајбург.

Гостите од Фрајбург се покажаа како тврд орев за „биковите“. Одиграа 1-1, а ВАР и ги зеде и другите два бода од овој меч.

Фрајбург го постигнаа првиот гол на мечот преку Гилде во 34 минута. Израмни Поулсен во 77 минута. Длабоко во судиското надополнување на времето во вториот дел Фрајбург постигна гол преку Кох за 1:2, меѓутоа голот го поништи видео-асистентот.

ВАР пресуди дека на почетокот на акцијата рамото на „деветката“ на Фрајбург Холер е во офсајд. Тукму Холер му асистираше на Кох.

Scroll to Top