Top Sport

Фарке е нов менаџер на Лидс јунајтед

Поранешниот тренер на Борусија Менхенгладбах, Даниел Фарке е нов менаџер на англискиот второлигаш Лидс јунајтед, со цел веднаш да ги врати во Премиерлигата.

46-годишниот Фарке има искуство во англискиот фудбал, откако двапати ги врати Норич во Премиерлигата како шампиони во Чемпионшип во 2019 и 2021 година. Лидс исто така преговараше со Скот Паркер и со Патрик Виера, пред да се одлучат за Германецот.

„Сакам да се заблагодарам за шансата да работам во овој фантастичен клуб. Имаме одговорност да ги исполниме очекувањата. Најважно е повторно да создадеме обединет тим, кој ќе работи да се вратиме на местото каде што заслужуваме“, вели Фарке.

Лидс уште чекаат Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) да ја одобри продажбата на клубот од страна на Италијанецот Андреа Радрицани на американската компанија „49ерс ентерпрајзис“.

Scroll to Top