Top Sport

(Видео) Филипсен со втора победа во низа на Тур де Франс во хаотичниот финиш

Белгиецот Јаспер Филипсен стигна до втора етапна победа во низа на Тур де Франс, во хаотичниот финиш на четвртата етапа од Дакс до тркачката патека Ногаро во должина од 181.5 километри.

Филипсен, член на тркачкиот тим на Алпесин, ја заврши етапата со неверојатна брзина 67 км/ч, победувајќи го Австралиецот Кејлеб Еванс и Германецот Фил Баухаус.

38-годишниот британски ветеран, Марк Кевендиш беше петти и пак не успеа да стигне до 35. етапна победа на ТдФ и така да го подобри рекордот кој го дели со Белгиецот Еди Меркс. Во хаотичеен финиш, велосипедистите ја кружеа патеката на која се одржуваат мотоциклистички трки, и имаше повеќе големи судири.

Адам Јејтс остана лидер во генерален пласман со шест секунди предност пред Словенецот Тадеј Погачар и сопствениот брат Сајмон Јејтс на третото место. Утре на програмата е првата планинска етапа на ТдФ со 30 километри искачување од Пау до Ларунс.

Scroll to Top