Top Sport

„Фармацевтите“ од Леверкузен го „најдоа лекот“ и за Фортуна (видео)

Баер Леверкузен продолжи со добрите резултати во домашната Бундес лига. Нов „пациент“ на „Фармацевтите“ од Леверкузен е тимот на Фортуна Диселдорф.

Во 18 минута домашните дојдоа до предност со голот на Хаверц, а младиот Леон Бејли во 66 минута ги постави конечните 2-0.

Со новите 3 бода Баер се искачи на петтата позиција на табелата со 36 бода, пет помалу од четвртопласираниот Лајпциг.

Фортуна, пак, сега е 12-та, со десет бода над зоната за испаѓање во понизок ранг.

Scroll to Top