Top Sport

ПСЖ лесно се справи со Загреб, Барса до врв ја наполни мрежата на Кристијанштад

Двата можеби главни фаворити за трофејот во годинешната ракометна Лига на шампиони, француски ПСЖ и шпанска Барселона попладнево немаа проблеми во домашните мечеви против Загреб, односно Кристијанштад.

ПСЖ уште во првото полувреме ја заврши работата против Загреб, направи предност од +6, 19-13, што подоцна знаеше како рутински да ја задржи.

Избраниците на Раул Гонзалез играа како по ноти, но тоа пред се се однесува на Генсхајмер кој мечот го заврши со 9, а Микел Хансен со 7 погодоци.

Екипата на Барселона против аутсајдерот Кристијанштад извојуваше убедлива победа со плус 17 гола, 43-26.

Швеѓаните со новиот тренер Љубомир Врањеш не беа дораснат противник на Каталонците кои сезонава играат брилијантно.
Сипжак и Гомес беа најпрецизни кај домаќините со по 6 гола, а кај гостинот се истакна Хален со 5 погодока.

Scroll to Top