Top Sport

Фати до недела ќе го продолжи договорот со Барселона

„Новиот Меси“, Ансу Фати, наскоро ќе потпише нов договор со Барселона. Локалните медиуми објавија дека директорот на Барселона, Матеу Алемани, отпатувал во Португалија на завршни преговори со менаџерот на фудбалерот, Жорж Мендеш.

Актуелниот договор на Фати истекува во јуни 2022 година. Во овој договор постои клаузула дека Барселона има право автоматски да го продолжи договорот до 2024 година.

Вчера, повеќе медиуми објавија дека Мендеш ги прекинал преговорите и се вратил во Португалија, незадоволен од барањето на Барселона во новиот договор откупната клаузула да изнесува 1.000.000.000 евра.

Очигледно е дека двете страни ги испеглале разликите. Алемани заминал во Португалија за да ги договори сите услови за договорот кој ќе има важност до јуни 2026 година.

Поради финансиските проблеми со кои се соочува Барселона, платата на Фати ќе расте секоја наредна година.

Медиумите тврдат дека новиот договор ќе биде потпишан пред неделното дерби со Реал.

Scroll to Top