Ансу Фати ќе мора повторно да го оперира коленот, поради што за него оваа сезона ќе биде завршена, шпекулираат шпанските медиуми.
Фати одлично ја започна сезоната, беше најдобриот играч на Барселона, во првите седум натпревари постигна четири гола, но во ноември доживеа повреда на коленото.
Лекарите препорачаа операција и рехабилитација до март. Проблемите настанаа пред три недели, кога на коленото се појавил оток. Прогнозите тогаш се сменија и лекарскиот тим на Барселона најави дека Ансу Фати, ќе можа да се врати во тимот во април.
Најновите сознанија на медиумите се дека талентираниот фудбалер ќе мора повторно да биде опериран, што значи дека оваа сезона за него е завршена и не само тоа тој ќе го пропушти и Европското првенство.