Top Sport

Фати (повторно) се повреди, ја пропушта американската турнеја

Ансу Фати ќе ја пропушти американската турнеја поради повреда. Младиот фудбалер минатата сезона ја мина на позајмица во Брајтон, се врати во Барселона по завршувањето на сезоната, а од новиот тренер Ханси Флик му вети дека ќе добие шанса да се наметне.

Лекарскиот тим на Барселона соопшти дека се работи за повреда на десната потколеница и дека тој ќе го продолжи процесон на рехабилитација во Барселона.

Потврдено е и дека во недела нема да патува на американската турнеја.

Засега не е познато колку долго ќе трае рехабилитацијата, иако првите претпоставки се дека тој би можел да биде надвор од терените во следните три недели Тоа е вистински удар за тренерот Ханси Флик, кој беше презадоволен од тоа како тренираше Фати изминатите десет дена.

Интересно е што тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо се распрашувал за Фати, кој минатата сезона беше на позајмица во Брајтон.

Сепак, желбата на фудбалерот е да се избори за стартно место во тимот на Барселона.

Scroll to Top