Top Sport

Фавили со два гола го „собори“ Баерн (видео)

Кристијано Роналдо ќе има „конкуренција“ во нападот на Јувентус, откако младиот Андреа Фавили постигна два гола за 2:0 победа на „старата дама“ над Баерн Минхен во меч од Интернационалниот куп на шампиони (ИЦЦ) во Филаделфија.

21-годишниот Фавили, кој дојде во Торино од Асколи ова лето, ги искористи двете грешки на одбраната на Баерн за да постигне голови во 32. и 40. минута, за да покаже колку е голем неговиот талент пред големите ѕвезди да се вратат во составот на италијанскиот шампион.

Фавили, за кого Јуве платија 12 милиони долари, ќе мора да се бори за место со Роналдо, Марио Манџукиќ и Гонзало Игуаин во првиот тим на Јуве.

Двата тима имаа многу отсутни од првиот тим. Тимот на Роберт Ковач сега игра со Манчестер сити во сабота навечер, додека Јувентус играат со Бенфика.

Scroll to Top