Top Sport

Фулам го добија на заем Андре Ширле

Фулам потпиша двегодишен договор за заем со Андре Ширле од Борусија Дортмунд, добивајќи засилување на плејмејкерската позиција.

27-годишниот Ширле, кој беше дел од славната германска генерација која го освои Светското првенство во 2014 година, но оттогаш се мачеше со повредите, минатата сезона имаше само 18 настапи за Борусија поради проблем со мускулите.

„Фулам беа еден од првите тимови кои беа заинтересирани за мене и тоа го ценев и затоа решив да дојдам тука. Сакам да играм со посед на топката, да напаѓам, да трчам, така што мислам дека Премиер лигата ќе биде добра за мене“, вели Ширле.

Ширле во најдобрите денови имаше фантастични настапи за Волфсбург и Челси, пред да дојде во Дортмунд, но лошата форма и повредите го исклучија од СП во Русија оваа година. Фулам се подготвува за првата сезона во Премиер лигата од 2013/14.

Scroll to Top