Top Sport

Фавр: Буџетот за засилувања на Баерн е за 150 милиони поголем од нашиот

Тренерот на Борусија Дортмунд Лусиен Фавр рекол дека клубот мора да си постави реални цели со оглед на моќта која ја има големиот ривал Баерн Минхен.

Баерн со години доминира во Бундеслигата, пред две недели тие ја освоија седмата последовна титула во домашниот шампионат, вкупно 30 во клупската историја.

Борусија Дортмунд последен пат биле шампиони со Јирген Клоп, во 2012 година. Во последните две сезони „милионерите“ првенствената трка ја завршуваа зад Баерн.

„Ќе продолжиме да си поставуваме високи цели, но во исто време тие треба да бидат реални. Не сакам да посочувам на фактот дека Баерн за засилувања има буџет кој е за 150 милиони евра поголем од нашиот. Не смееме да замижеме пред овој податок“, рекол Фавр за „Билд“ и проговорил за штотуку завршената сезона.

„Бевме блиску до титулата. Сепак не смееме да заборавиме дека вториот дел од сезоната што го одигра Баерн е најдобар во нивната историја. Во исто време можевме да видиме екстремен напредок кај Лајпциг, Менхенгладбах и Баер Леверкузен. Не ни беше загарантирано второто место.“

Лусиен Фавр и во наредната година ќе остане тренер на „милионерите“, неговиот договор истекува во јуни 2021 година.

Scroll to Top