Top Sport

Феенорд го отпушти тренерот два дена пред дуелот со Милан во ЛШ

Два дена по убедливата победа против Спарта Ротердам (3:0) и два дена пред дуелот со Милан во Лигата на шампионите, Феенорд му врачи отказ на тренерот Брајан Приске.

По 21 одигран натпревар, Феенорд е петти во поредокот со 39 бодови, 12 победи, четири нерешени и шест порази. Третопласираниот Утрехт има три бода и натпревар помалку од Феенорд.

Во соопштението на клубот се наведува дека одлуката за прекин на соработката помеѓу Брајан Приске и клубот стапува на сила веднаш, а заедно со тренерот клубот го напуштаат и неговите помошници Лукас Бабалола Андерсон и Бјорн Хамберг. Како што е наведено, клубот се надева дека до утре ќе назначи в.д. тренер.

Иако отказот дојде по победата против Спарта, досегашните резултати не беа задоволителни. Феенорд испадна од Купот од ПСВ, а оваа победа над гостите од Ротердам беше прва во последните пет натпревари во кои освои само еден бод во лигата

Во среда, Феенорд го пречекува Милан првиот бараж меч за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top