Top Sport

Фејса барал од селекторот да не игра против Португалија

Српскиот репрезентативец Љубомир Фејса побарал од српскиот селектор Младен Крстајиќ да го пропушти натпреварот против Португалија, пишува „А Бола“.

Фејса, кој игра за Бенфика, во петокот дошол во хотелот, во кој се сместени Србите и побарал од селекторт да го игра натпреварот в понеделник.

Ова информација на португалскиот весник е различна од она што го пласираа српските медиуми дека Фејса нема да игра поради повреда.

„А Бола“ пишува дека Фејса не сакал да остане без своето место во тимот на Бенфика, бидејќи поради повреда отсуствувал два месеци, а се врати на натпреварот со Динамо Загреб во Лига Европа и ги одигра сите 120 минути.

Тој му рекол на Крстајиќ дека се уште чувствува болка во стапалото и дека би било добро да не игра за да не ризикува нова повреда.

Србите квалификациите за ЕУРО 2020 ги отвораат против Португалија, во Лисабон (понеделник 20.45). Во пресрет на подготовките тројца играчи (Миливојевиќ, Настасиќ и Обрадовиќ) не го прифатија повикот поради несогласувањата со селекторот.

Scroll to Top