Top Sport

Икарди заминува, доаѓа Родриго Морено?

Целата сага околу Мауро Икарди нема да има среќен крај за Аргентинецот. Иако тој во четвртокот им се врати на тренинзите, Интер нема да отстапи од намерата да го продаде по завршувањето на сезоната.

Интер се подготвуваа за заминувањето на Икарди, за чии услуги постои интерес кај неколку екипи.

Бепе Марота веќе нашол замена за Аргентинецот. Станува збор за најдобриот стрелец на Валенсија, Родриго Морено.

Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула ос 120 милиони евра, но во Валенсија се сигурни дека таа сума нема да можат да ја добијат.

Поради тоа би се согласила да го продадат и за помалку пари, а италијанските медиуми шпекулираат дека трансферот би изнесувал околу 70 милиони евра.

Scroll to Top