Top Sport

Фејсбук ги купи азиските права за Ла лига

Фејсбук сериозно го „шири“ својот бизнис во фудбалските преноси, откако социјалната мрежа ги откупи правата за шпанската Ла лига во следните три сезони за Индија, Авганистан, Бангладеш, Бутан, Непал, Малдивите, Шри Ланка и Пакистан.

Деталите за договорот не се објавени, но последен пат кога овие права беа на продажба во 2014, Сони плати 32 милиони долари. Ова значи дека во овие земји, шпанскиот фудбал ќе може да се следи само преку Фејсбук – во сите земји има 348 милиони корисници на Фејсбук, од кои 270 милиони се во Индија.

Ова не е првпат Фејсбук да купува спортски права. Тие веќе имаат право за пуштање на МЛБ безбол во САД за сума од 1 милион долари по натпревар. Гледањето останува бесплатно.

Scroll to Top