Top Sport

Невил: Ван Дајк е „ѕвер“ како Јап Стам

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил не беше импресиониран кога Ливерпул дадоа 75 милиони фунти за Виргил ван Дајк, но сега целосно го смени мислењето за холандскиот дефанзивец.

Невил признава дека згрешил во оценката и го нарекува Ван Дајк „ѕвер“ од типот на уште една легенда на Манчестер јунајтед, сонародникот на 27-годишниот Ван Дајк, Јап Стам.

„Мислев дека Ван Дајк е добар фудбалер во Саутемптон, но не мислев дека вреди 75 милиони фунти и не мислев дека ќе има такво влијание. Но, тој е ѕвер, кој изгледа како Јап Стам. Како да ги фрла луѓето околу себе“, вели Невил.

Scroll to Top