Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола открива дека на капитенот на клубот, Набил Фекир ќе му биде дозволено да замине од тимот ова лето.
Фекир, кој беше мета на Ливерпул пред стартот на минатата сезона, пред преговорите да пропаднат поради загриженоста за повредата на коленото, предизвикува доста интерес во Премиер лигата.
25-годишниот Фекир, кој лани со Франција го освои Светското првенство, има договор со Лион до 2020, а постигна 12 гола оваа сезона за клубот со кој е од јуниорските денови пред професионалното деби во 2013 година.
„Ефективно, Набил си заминува, бидејќи имавме разбирање дека може да замине. Му благодарам за тоа што ни даде“, изјави Ола по крајот на сезоната во Лига 1.
Фекир има 192 настапи за Лион со 69 голови, а за Франција има 21 настап.